x

Седум предупредувачки знаци дека сте закачиле вирус на телефонот

Категорија: Совети Објавено на 06 Јуни, 2022 од GSM.mk

Доколку не сте инсталирале антивирусен софтвер и сте склони кон ризично однесување, можно е да се најде злонамерен софтвер на вашиот мобилен телефон.

Ви пренесуваме преглед на седумте најчести знаци дека вашиот паметен телефон со Android или iOS некаде закачил малициозен софтвер.

Реклами

Можно е да го најде патот до вашиот уред ако на него одеднаш се појават прозорци со реклами, дури и кога веб-прелистувачот е затворен. Повеќето реклами може да се спречат со користење на блокатор на реклами.

Апликацијата често паѓа

Ако некоја апликација или вашиот уред често паѓа без причина, можно е да е заразена со малициозен софтвер.

Зголемена потрошувачка на податоци

Доколку дојде до ненадејно големо зголемување на сообраќајот на податоци за кој немате друго објаснување, можно е виновникот да е малициозен софтвер кој ги испраќа вашите податоци на некој во позадина.

Вашите пријатели добиваат спам пораки од вас

Ако не сте спамер, сосема е невообичаено ако вашите пријатели одеднаш почнат да добиваат спам од вас. За ова може да бидат одговорни заразениот мобилен, како и лаптопот.

Се појавија непознати апликации

Дали меѓу апликациите најдовте некои за кои сте сигурни дека не постоеле порано и дека не сте ги инсталирале? Уверете се дека ова не се системски апликации неопходни за нормално функционирање на паметниот телефон. Ако не, веднаш деинсталирајте ги.

Батеријата се празне побрзо

Злонамерниот софтвер може дополнително да ја оптоварува батеријата на вашиот уред, така што се троши побрзо од вообичаеното.

Смартфонот често се прегрева

Се очекува одредено ниво на мобилно загревање, особено ако го користите за постапки кои бараат „машината“ повеќе да работи. Но, ако почне да се прегрева често и без причина, можно е да го зафатил вирус.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.