x

Секој 4-ти iPhone се крши

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Февруари, 2013 од Христијан Илиески

Британската компанија MobileInsurance во анкета открива дека секој четврти iPhone е скршен

Компанијата се занимава со осигурување на мобилни телефони, а во анкетата учествувале 2470 луѓе.

Најголемиот дел од оние кои го скршиле екранот не го поправиле уредот - некои поради немање доволно време, некои поради финансии, а на некои едноставно не им дошло до тоа, покажува истражувањето. Една третина од испитаниците се изјасниле дека доколку го скршат екранот на својот телефон, не би го поправале. Пораката на целото истражување е - осигурајте ги вашите мобилни телефони.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.