.jpg)
Xiaomi конечно го потврди датумот на лансирање на своите претстојни телефони од серијата Xiaomi 13. Настанот за лансирање е закажан за четврток, 1 декември во 19 часот по Пекинг време. Добивме и потврда дека MIUI 14 ќе биде објавен на настанот заедно со телефоните Xiaomi 13 и 13 Pro.
Шефот на Xiaomi, Леи Јун, сподели официјален рендер на Xiaomi 13 кој ќе донесе рамен OLED екран со рамки со дебелина од 1,61 мм на горниот дел и страните, додека долниот ќе биде со големина од 1,81 мм. Дополнително, телефонот ќе биде широк 71,5 mm – што ќе го прави прилично лесен за ракување со една рака.
Добивме и потврда дека сите телефони од серијата Xiaomi 13 ќе бидат IP68 отпорни на вода и прашина. Покрај тоа, Xiaomi потврди дека ќе го лансира својот паметен часовник Watch S2 и слушалките Xiaomi Buds 4 TWS, како и својот прв десктоп компјутер, нов рутер за Wi-Fi и проектор на настанот во четврток.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.