Платформата GOG одлужи во одреден временски интервал да овозможи бесплатно преземање на популарната игрица, една од најдобрите стратегии на денешницата.

Играта „Shadow Tactics: Blades of the Shogun“ излезе пред точно пет години, но својот живот го започна главно во 2017 година, бидејќи ѝ требаше малку време за да се докаже.
„Shadow Tactics: Blades of the Shogun“ е достапна за играчите во стандардното издание, но не се обесхрабрувајте, бидејќи редовната цена е скоро 40 евра, а годишнината содржи Artbook и Audio музички додатоци, а не дополнителна гејминг содржина.
Исто така, стандардното издание веќе има HD текстури и подобрен гејмплеј, кој беше спакувана во двете изданија на играта во текот на претходниот период.

„Shadow Tactics: Blades of the Shogun“ има оценка 86 на сајтот Metacritic и исто толкав рејтинг од публиката, а покрај тоа што се појави дури на 6 декември 2016 година, таа е една од 20-те најпопуларни игри за таа година и влезе во првите 30 на оваа популарна веб-страница.
Се работи за посебен вид стратегија, овој пат во реално време, при што водите група борци низ различни мисии кои треба да се изведат што е можно подискретно. Соодветно на тоа, секој од членовите на тимот (со различни способности) е како шаховска фигура, која треба да се движи многу внимателно и промислено, за да не ве забележи непријателот и да ги алармира сите други.

Приказната е сместена во Јапонија за време на периодот Едо (1620 година), на различни локации и содржи неколку главни ликови, мажи и жени, секој со свои посебни способности и оружје. Тактиката, паметното планирање и другите елементи на игрицата го прават овој наслов еден од оние што секој гејмер треба да ги доживее.
Извор: Кајгана.мк
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.