x

Shazam Апликација за препознавање песни и изведувачи

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 16 Јуни, 2013 од Божидар Трпков

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да слушнете некоја песна и после со денови да ја мислите а да не можете да ја најдете?

Доколку имате уред со iOS како iPod, iPad, iPhone или со Blackberry, Symbian, Android или Windows Phone оперативен систем, тогаш со симнување на апликацијата Shazam ќе можете во секој момент да ја пронајдете песната што ви се допаѓа или во моментот не може да ви текне на насловот. Начинот на кој Шазам работи е тоа што го користи микрофонот на уредот за да собере краток примерок од музиката, потоа тој примерок поминува низ базата на податоци во која има отприлика 11 милиони песни. 10 секунди подоцна ги добивате изведувачот, песната и албумот и не само тоа, веднаш можете да ја споделите на фејсбук, твитер, да коментирате, да го гледате официјалното видео од артистот и песната на ју тјуб, да прочитате биографија за изведувачот или само да ја симнете. Најдоброто од се е тоа што Шазам е бесплатен и не е лимитиран на било каков начин.

Доколку и ова не ви е доволно со надоградување можете да ја имате последната верзија на Шазам - Shazam Red. Оваа верзија ви овозможува на мапата која ја користите за GPS да зумирате во која држава или град сакате да дознаете што е популарно таму. Но оваа верзија се плаќа и 20 проценти од цената оди во Африка за борба против сида.


Shazam од пред неколку месеци е достапна и за Windows 8 уреди, која сеуште е во тест  и потребно е уредот да има микрофон и активна интернет конекција.


Апликацијата за било кој од претходно споменатите уреди и оперативни системи можете да ја симнете од официјалната веб страна на Shazam - http://www.shazam.com/music/web/getshazam.html

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.