x

Што да направите ако мобилниот често се загрева?

Категорија: Совети Објавено на 07 Септември, 2022 од GSM.mk

До загревање на уредот може да доведе предолго играње игри или разговарање, но и високите температури.

За да се олади мобилниот, престанете да користите апликации со интензивно користење на процесорот, како на пример играње игри. Ако станува збор за високи температури, чувањето во џеб дополнително го загрева уредот. Исто како и кај полнењето, најдобро е да го оставите на место заштитено од сончева светлина и од извор на топлина.

Никако немојте да го оставате во автомобил. Скорешна студија откри дека автомобил паркиран на сонце на 35 степени може да достигне температура од 47 степени за само еден час.

Полнењето на мобилниот може да предизвика загревање, а ако го полните на место изложено на сончева светлина тоа може да доведе до загревање многу побрзо од вообичаено.

Од истата причина никако немојте да го оставате телефонот под перница или друг материјал кој може дополнително да го загрее.

Секогаш полнете го мобилниот оставен на тврда и студена површина.

И, иако се чини дека вакво нешто никој не би направил, сепак е добро човек да биде предупреден. Никако немојте да го ставате мобилниот во фрижидер. Промените во температурата исто така се лоши за уредот, особено поради кондензацијата на влага внатре во уредите.

Најдоброто решение е мобилниот едноставно да го исклучите и оставите на некое студено место додека топлината не се врати на прифатлива собна температура.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.