x

Што да направите доколку мобилниот ви падне во вода?

Категорија: Совети Објавено на 16 Април, 2021 од GSM.mk

Доколку истуривте вода врз мобилниот телефон, не очајувајте. Дури и доколку целосно бил потопен во вода, може да го спасите. Најважно е да реагирате бргу.

Што треба да направите?

1. Веднаш исклучете го уредот.

2. Ако вашиот смартфон е водоотпорен, а врз него сте истуриле друга течност освен вода, стручњаците од Apple и Samsung ви препорачуваат да го измиете во чиста вода(но не директно под чешма бидејќи може да се оштети).

3. Избришете го со мека крпа.

4. Протресете го за да ја исфрлите водата од отворот за полњач, но полека за да не навлезе течноста во внатрешноста на мобилниот.

5. Извадете ја СИМ картичката.

6. Не го сушете мобилниот со фен бидејќи топлината може да ги оштети гумените делови, но и екранот.

7. Исушете го мобилниот пред вентилатор

8. Ставете го мобилниот во сад и ставете ориз или некое средство за сушење што ќе ја впие влагата.

9. Не го полнете мобилниот додека не сте сигурни дека е потполно сув. Почекајте најмалку 5 часа.

Aко ова не ви помогне, не се обидувајте да го отворите сами туку обратете се за помош во сервис.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.