x

Што имаат заедничко Samsung, Elton John и Styx?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Март, 2019 од GSM.mk

На прв поглед неповрзани, но Samsung, Elton John и Styx имаат една заедничка карактеристика во моментов..

Сите тројца во моментов се на тура низ Америка. Во чест на десетгодишнината од постоењето на Galaxy S серијата, Samsung ја започна својата тура низ Америка, наречена Experience Tour.. Оние кои ќе се придружат ќе имаат можност да ги тестираат новите уреди претставени од компанијата - Galaxy S10e, Galaxy S10, Galaxy S10 Plus. За жал, можеби највозбудливиот уред, смартфонот на преклопување Galaxy F, не е достапен на турата.

На Experience Tour, фановите можат да прават слики со уредите, вклучувајќи ги широкоаголната селфи камера, како и двете предни камери кај Galaxy S10 Plus и да ги споделат на социјалните мрежи. Оние кои се фанови на гејмањето ќе може да испробаат низа популарни игри, како Fortnite, и да ги тестираат "crystal-clear" и "state-of-the-art" екраните за ултимативно гејмерско искуство.

Турата не е само за смартфони, бидејќи и Galaxy Watch Active е истотака достапен, покажувајќи како уредот внимава на вашето здравје и физички активности. Истотака, достапни се бесплатни часови кои ги учат посетителите како да да останат здрави и активни во своите зафатени секојдневија. Се разбира, присутните ќе можат на лице место да ги купат и смартфоните и часовникот.

Иако Samsung официјално ја претстави S серијата на 2 јуни, 2010 година, својот најголем успех серијата го постигна со претставувањето на Samsung Galaxy S II на 28 април, 2011 година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.