x

Што ќе се случи ако не го ставите телефонот во airplane mode за време на лет?

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Јули, 2018 од GSM.mk

Одговорот на ова прашање го дава Никита Шмит, пилот на приватни летови.

„Ако не го ставите телефонот на аirplane mode за време на летот, најверојатно ќе им пречи на пилотите и на контролорите на лет. Ако сакате да слушнете дали има ризик по безбедноста, нема, но...“, вели Шмит.

„Она што ни пречи е непријатниот звук од аудиосистемот што често се јавува кога има активен телефон во близина. Фрекфенциите на телефонот понекогаш може да бидат многу јаки, дури и до 8W, поради високите фреквенции на паразитските осцилации.“

Шмит има слушнато таков вид на врева неколку пати за време на лет. Тој вели дека не е толку опасно по безбедноста колку што ги иритира пилотите.

„Замислете 50 безобѕирни луѓе кои не сакаат да ги исклучат телефоните, што значи дека 50 телефони постојано се обидуваат да ‘фатат’ мрежа, а тоа е големо радиско загадување.“

Исклучувањето на мобилниот телефон или ставање на airplane/flight mode во најмала рака покажува почитување кон луѓето кои си ја работат својата работа, а тоа е безбедно да ве однесат до вашата сакана дестинација.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.