x

Што најмногу се гуглаше во 2022?

Категорија: Занимливости Објавено на 28 Декември, 2022 од GSM.mk

За 2022 година може да кажеме дека изобилуваше со настани кои засекогаш го променија светот каков што досега го знаевме. Еден од тие настани кои направи пресврт е војната во Украина, која не само што дојде како шок за Европа, туку и за светот.

Како и секоја година, и во оваа Гугл ги објави најпребаруваните поими во годината. Што се однесува до вестите, најпребаруван поим е Украина, а потоа следа смртта на кралицата Елизабета Втора, изборните резултати во САД, мајмунски сипаници, пресудата на Џони Деп и Амбер Херд, шлаканицата на Вил Смит и слично.

Најпребарувани личности се Џони Деп, Вил Смит, Амбер Хер, Владимир Путин, Крис Рок, Новак Ѓиковиќ, Ана Сорокин и други.

Најпребарувани спортисти се Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Серена Вилијамс, додека најгуглан спортски настан е Светкото во Катар.

Најпребаруваните поими во останатите категории може да ги погледнете овде.




Извор: Кајгана.мк



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.