x

Што очекуваме од новиот iPhone?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Август, 2013 од GSM.mk

USA Today се реши да направи анкета за да процени кои се најголемите промени и подобрувања кои јавноста ги очекува од новиот iPhone. Изненадувачки, на прво место се најде батеријата..

Од една страна го имаме Motorola DROID MAXX, кој нуди времетраење на батеријата до два дена со само едно полнење. Заради тоа, Apple ќе мора да се помачи и да ја подобри батеријата на новиот модел. Корисниците се жалат дека при нормално користење, телефонот не издржува ни 8 часа, па затоа ова мора да се поправи во блиска иднина.

„Цело време ми снемува батерија, воопшто не е забавно“ - вели една испитаничка - „Морам да го носам полначот со мене насекаде“.

Второ на листата на подобрувања е нова камера. Изненадувачки, не станува збор за задната (главна) камера, туку за предната камера на уредот. „Подобар квалитет на предната камера“ - вели Isabel Alvarez од Калифорнија. На листата на подобрувања се наоѓа и бојата на уредот, бидејќи корисниците сакаат повеќе избор отколку само црна и бела боја.

Останатите корисници посакуваат екран кој не би се гребел или кршел, подобрено разбирање од страна на Siri (вклучувајќи ги и акцентите), водоотпорна верзија/куќиште и вграден проектор. Добрата вест е што Apple веќе работи во нивна полза. 

Шпекулациите велат дека ќе добиете посилна батерија во новиот модел, како и подобрување на камерата (за жал, задната) за поефикасно сликање во услови на ниско осветлување. Дополнително, преку iOS 7 можеме да забележиме дека Siri веќе е подобрена и комуникацијата со „неа“ (исто така вклучува и машки глас) е флуидна и на поприродно ниво.

Се очекува Apple да го открие и презентира новиот iPhone 5s (евентуално би го носел името iPhone 6) на 10-ти септември. Вие што би побарале од новиот модел?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.