x

Што подготвуваат од Samsung за овој април?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Април, 2021 од GSM.mk

Samsung за 28 април го најави настанот Unpacked на кој ќе го претстават „најмоќниот Galaxy“ уред.

Како и вообичаено, тизерите за ваквите најави не откриваат многу детали, но се чини дека нема да го претстават Galaxy Z Fold 3 кој според претходните најави би требало да пристигне во јули и ќе биде замена за Galaxy Note.

Најверојатно ќе ја претстават новата линија на лаптопи Galaxy Book која одговара на описот „најмоќен Galaxy уред“.

Актуелните модели се појавија во 2019 година, а во некои земји пристигнаа дури минатата година. Се очекува дека новите лаптопи ќе користат Intel Tiger Lake процесори од 11. генерација.

Исто така, веќе некое време се шпекулира дека Samsung работи на новата линија на Galaxy Book Pro лаптопи со 13,3 и 15,6-инчни OLED панели, S-Pen и нови процесори. Galaxy Book pro 360 би требало да поддржува и 5G мрежа.

Погледнете го трејлерот:


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.