x

Што подготвуваат од Sony за љубителите на мали телефони?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 26 Јануари, 2021 од GSM.mk

Компанијата Sony на пазарот ќе ја пласира новата верзија на смартфонот Xperia Compact за да ја исполни желбата на љубителите на мали телефони.

Познатиот типувач OnLeaks ги објави рендерите и деталите за Xperia Compact, наследникот на моделот XZ2 Compact. Уредот ќе биде малку поголем за разлика од iPhone 12 mini, со 5-5 инчен екран.

Засега не е познато кој процесор ќе го користи, а се очекува овој смартфон да има задна камера од 13 MP и селфи камера од 8 MP. Сензорот за отпечаток на прст ќе биде интегриран во копчето за отклучување и заклучување на уредот.

Xperia Compact може да биде претставен во февруари, а во тој случај - продажбата ќе почне во пролет.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.