x

Што се можете да купите за 1 500 долари, наместо Motorola RAZR 2019?

Категорија: Занимливости Објавено на 22 Ноември, 2019 од GSM.mk

Motorola конечно го најави долгоочекуваниот RAZR 2019, и, како што беше очекувано, неговата цена е повисока и од онаа на флегшип уред во 2019-та година..

По цена од 1 500 долари, корисниците може да купат голем број други производи наместо еден смартфон. Ова се дел од нив:

1. Apple Pro комплет

6 things you can buy for $1,500 instead of the Motorola razr

Иако не изгледа како многу, оваа комбинација е добитна за голем дел од фановите. За 1,500 долари покрај одличен iPhone 11 Pro Max уред, може да ги купите и безжичните слушалки на Apple кои се фаворит меѓу корисниците. 

2. Galaxy гаџети

6 things you can buy for $1,500 instead of the Motorola razr

Овде веќе разликата е поголема. Наместо еден Motorola RAZR, доколку сте фан на Samsung брендот, за истите пари може да купите смартфон, паметен часовник, безжични слушалки и LED маска. Се разбира, не станува збор за било кои уреди, туку за премиум смартфон - S10+, Galaxy Watch Active 2 и Galaxy Buds. 

3. OnePlus комбо

6 things you can buy for $1,500 instead of the Motorola razr

OnePlus нема голем број различни производи, а бидејќи целта на статијата е производите да бидат од ист бренд, од OnePlus брендот може да купите два OnePlus 7T уреди, два пара безжични слушалки и два пара заштитни маски. Се разбира, на мал дел од луѓето им се потребни два премиум смартфони, но споредбата во однос на цена е неверојатна.

4. Гејмерски рај

6 things you can buy for $1,500 instead of the Motorola razr

Преминувајќи на друг тип уреди, за 1 500 долари може да направите добра зделка за одличен сет за гејмање. Може да купите телевизор, PlayStation 4 Pro конзола, Xbox One X и комотно гејмерско столче. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.