x

Симнете ги официјалните позадини од Galaxy Note 5!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 19 Август, 2015 од GSM.mk

Презентацијата на Galaxy Note 5 беше главниот настан од светот на паметните телефони за овој месец, а веруваме дека многумина од вас веќе го посакувате овој телефон...

Не можеме да ви помогнеме да го добиете (можеби во иднина), но затоа се потрудивме да ги најдеме официјалните позадини во највисока резолуција (2560 x 2560 пиксели) за вашиот телефон да изгледа приближно на новиот модел од Samsung.

Како и досегашните теми од корејскиот гигант (и општо од сите производители), позадините се минималистички во две или три нијанси. Оригиналните позадини се помеѓу пола мегабајт и 4 мегабајти во големина.

Сите 6 позадини во нивната оригинална резолуција можете да ги симнете на следниот линк.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.