x

Симнување на TikTok и WeChat официјално ќе биде забрането во Америка од 20 септември

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Септември, 2020 од GSM.mk

Трамп официјално реши да го банира TikTok и тоа е само првиот дел од рестрикциите кон апликацијата..

За жал, договорот меѓу Oracle и компанијата позади TikTok, ByteDance  не беше доволен за да го убеди Трамп да не ја банира апликацијата. Претседателот на Америка официјално најави дека ќе ги забрани симнувањата на TikTok и WeChat почнувајќи од 20 септември. Според "Good Morning America", администрацијата на Трамп смета дека мерката е неопходна за "заштита на националната безбедност на САД". 

Целосното банирање на апликацијата нема да стапи во сила дури по изборите на 12 ноември. Но, WeChat веќе има подрастични рестрикции кои забрануваат било каков трансфер на средства и плаќања во државата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.