x

Siri спаси човек по сообраќајна незгода во ладниот пустински дел од Невада

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Јануари, 2019 од GSM.mk

Паметниот Apple часовник не е единствениот уред на компанијата кој спасува животи..

Покрај Apple часовникот, како и инциднетот со iPhone 5S, виртуелниот асистент на компанијата, Siri, се придружи на групата гаџети кои успеаа да им помогнат на своите корисници во "живот или смрт" ситуација. 

На 7 декември, Nate Felix го возел својот џип во пустинскиот дел од Невада, кога одеднаш возилото се превртело. Пробувајќи да излезе од возилото, Felix не само што бил во голема болка, туку и скршил два пршлени, кои го оставиле парализиран од вратот надоле. Покрај повредите, Felix бил загрижен и за ниските температури кои се типичните за ноќите во Невада. Како придружба го имал само своето куче, кое лежело до него за топлина, но сфатил дека тоа нема да биде доволно за да ја преживее ноќта. До него, немало никој за да му помогне. Никој, освен Siri.

Image result for Siri saves man who was paralyzed following Jeep rollover in the freezing cold Nevada desert

Додека Felix незнаел каде е неговиот iPhone уред за да побара помош, се обратил на неговиот виртуелен асистент да побара било кого од неговите контакти, но за жал повиците не биле успешни. Конечно, Siri успеала да се јави на 911 и да побара помош.

Кога пристигнала спасувачката екипа, Felix бил со хеликоптер пренесен до болница и пуштен по само четири дена. Иако сега му е потребна инвалидска количка за да се движи, Felix е среќен што е жив.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.