x

Сите грешиме: Како од прва да се вклучи USB?

Категорија: Совети Објавено на 22 Септември, 2021 од GSM.mk

Секојдневно користиме еден куп кабли: компјутерски, од полначи, слушалки и разни други уреди, а повеќето од нив имаат некаков USB приклучок.

Според некое непишано правило, кога го користиме највообичаениот USB кабел тип-А, секогаш ја свртуваме неговата погрешна страна кон влезот, па не сака да влезе, па треба да го вртиме за да го поврземе.

Се разбира, постои лесен начин за брзо да откриете кој дел од USB тип-A кабелот оди на горната страна.

Производителите на кабли обично го ставаат логото на USB интерфејсот на горниот дел од кабелот, така што најлесно е да знаете како да го свртите кабелот веднаш - проверете дали логото на USB уредот е на горната страна и ако е така тогаш USB-то од прва ќе влезе во портата од компјутерот или што било и да е.


Ако тоа не е случај, односно производителот на кабелот поради некоја причина не го отпечатил вообичаеното лого на USB-то, тогаш површниот поглед на квадратните дупки во самиот метален дел открива кој дел од него е горе. На горниот дел овие дупки се празни, додека на дното се обложени/пополнети со обоена пластика. Обично е црна, но денес може да биде и портокалова, виолетова, зелена и друга боја.


За USB тип-C секако не треба да се грижите, завртете го на која било страна и нема грешка. Истото важи и за microUSB и USB тип-B, со кои не може да погрешите при поврзувањето поради обликот на нивните порти.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.