x

Сите карактеристики кои iPhone ги копираше од Android смартфоните

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Мај, 2018 од GSM.mk

Apple неретко вели дека е најиновативната компанија на пазарот, констатно фалејќи ги нивните производи како „уникатни“ и „футуристички“. Но, вистината е дека и тие копираат од нивните ривали.

Во неколку примери можеме ќе ви покажеме од каде и како Apple ископира одредени карактеристики за да го направи iPhone најпопуларниот телефон на планетата.

Face ID

Apple ја претстави технологијата за отклучување на телефонот со помош на лицето на корисникот дури лани. Но, Samsung користеше слична технологија уште во 2011 година. Сепак, од Apple велат дека нивниот Face ID е посебен поради специјалната TrueDepth камера која ја има iPhone X.

OLED екрани

iPhone X има OLED екран кој Apple го претстави како „најдобар на пазарот“, но овој телефон не беше првиот кој доби ваков екран. Телефоните на Nokia, Samsung и Motorola го користат овој вид на екрани со години. Apple дури мораше да се ослони на Samsung, кој ги произведе OLED екрани за iPhone X.

Безжично полнење

Apple доцнеше на забавата кога го промовираше безжичното полнење како револуционерен чекор за нивните телефони. Google ја имаше истата карактеристика на Nexus 4 уште во 2013 година, а Galaxy телефоните на Samsung ја користат оваа технологија веќе неколку години.

Брзо полнење

Навистина е одлично за корисниците на iPhone 8, 8 Plus и X тоа што можат да ги наполнат телефоните до 50% за помалку од 30 минути. Но, Android телефоните користеа брзо полнење повеќе од 2 години пред да бидат промовирани оние телефони на Apple.

Ambient Display

Google ја промовираше карактеристиката наречена Ambient Display уште во 2015 година, а таа им овозможуваше на корисниците да ги видат нотификациите без да го отклучат телефонот. Една година подоцна, Apple излегоа со нивна верзија на оваа карактеристика која беше наречена Raise to Wake. Со неа, требаше само да го подигнете вашиот iPhone за да ги проверите нотификациите.

Edge-to-edge дисплеј

Со излегувањето на iPhone X и Samsung Galaxy S8, 2017 година беше прогласена за година во која корисниците на смартфони се заљубија во edge-to-edge дисплеи. Но, кинескиот производител Xiaomi ја имаше оваа карактеристика на нивниот Mi Mix смартфон скоро една година претходно.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.