x

Сите пораки на WhatsApp ќе бидат целосно кодирани

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 06 Април, 2016 од GSM.mk

Комуникациите на WhatsApp отсега ќе бидат од почеток до крај целосно заштитени, односно кодирани, објави денеска компанијата.

Под кодирањето се подразбира дека пораките, фотографиите и видео снимките можат да ги видам единствено двете личности кои меѓусебно комуницираат, без мешање од трета страна. Компанијата на овој безбедносен систем работеше во последните две години, заедно со компанијата Open Whisper Systems.

Корисниците на WhatsApp ќе добијат известување дека нивните податоци се целосно заштитени.

„Идејата е едноставна, кога ќе добиете порака единствената личност која ќе може да ја прочита е онаа на која ќе ја испратите. Никој друг нема да може да ја види пораката, ниту хакерите, ниту владите, ниту ние. Целосно кодираната порака прави комуникацијата на WhatsApp да биде крајно приватна, како еден вид лице в лице разговор“, пишува во соопштението на компанијата.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.