x

Скандал во најава во гигантот Nokia!

Категорија: Занимливости Објавено на 03 Април, 2019 од GSM.mk

Финските власти соопштија дека отвориле истрага против компанијата Nokia за можен неовластен пренос на лични податоци на корисници во Кина.

Мобилните телефони на технолошкиот гигант Nokia се произведуваат под лиценца на финската компанија HMD Global која соопшти дека никакви лични податоци не биле споделени со трета страна, иако призна постоење на софтверска грешка кај една серија телефони која во меѓувреме била коригирана, објави Reuters.

Финскиот обдусман за заштита на личните податоци Реијо Арнио за британската новинска агенција изјави дека ќе се истражи дали имало прекршок поврзан со загрозување на личните податоци и дали постои законско оправдување за тоа.

Норвешкиот јавен сервис NRK вчера објави вест за еден случај на кршење на правото на заштита на личние податоци поврзан со моделот Nokia 7Plus што го произведува HMD. Компанијата, пренесува NRK, признала дека извесен број од овие модели испраќале податоци на кинески сервер.

Од седиштето на Nokia не ги коментираа обвиненијата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.