x

Скријте ги фотките во телефонот - нова опција за Google Photos

Категорија: Совети Објавено на 07 Декември, 2021 од GSM.mk

Новата функција, што досега беше активна само на Google Pixel уредите, сега е достапна и за други уреди.

Во јуни оваа година, Google ја претстави функцијата Locked Folder како дел од апликацијата Google Photos за уредите Pixel. Оваа функција сега доаѓа на уреди кои не се од линијата Pixel.

Locked Folder е безбедна и заклучена папка во уредот, каде што корисниците можат да ги складираат своите приватни фотографии и видеа, а оваа содржина нема да се префрли на Google Photos.

Корисниците во оваа папка можат да ја видат само содржината што ја складирале и не е дозволено споделување на содржините, правење скриншот или снимање од екранот за која било содржина (освен ако не е преместена од Locked Folder).

До новата функција може да се пристапи со отворање на апликацијата Google Photos и кликнување на јазичето Library. После тоа, треба да изберете Utilities и да дојдете до Locked Folder.

Опцијата може да не е достапна за сите корисници на телефони со Android што не се Pixel. Опцијата Locked Folder се очекува да биде достапна за сите по ажурирањето за Google Play Services Framework.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.