x

Слика или видео од вашиот брат или сестра: Face ID функцијата на Galaxy S10 може лесно да биде измамена

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Март, 2019 од GSM.mk

Еден од новите стандарди во светот на смартфоните е отклучувањето со користење на вашиот лик. За уред со толку висока цена, не би помислиле дека Galaxy S10 ќе има проблем токму со оваа функција...

Имено, функцијата на S10 може лесно да биде измамена со слика или видео на некој кој има слични црти со вас - како брат, сестра и слично.

Пред претставувањето на S10 серијата, Samsung потврди дека работи на подобрување и убрзување на ваквата опција кај своите нови уреди. Но, истовремено изјави дека "побрзото читање на ликот го забрзува процесот на отклучување, но ја зголемува и шансата слика или видео да не биде прочитано како што треба".

Само неколку недели по претставување, корисниците на S10 уредите започнаа да се жалат од Face ID опцијата. Голем дел од нив сметаат дека новите смартфони на компанијата нудат низа одлични и моќни функции, но истовремено не обрнуваат големо внимание на приватноста и безбедноста на своите сопственици.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.