x

Смартфоните не ве прислушуваат, но можат да го снимаат она што го правите

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Јули, 2018 од GSM.mk

Едно од бројните прашања, на кои Марк Закерберг и луѓето од Facebook мораа да одговараат, после скандалот со компанијата Cambridge Analytica, со злоупотребата на личните податоци на корисниците, беше поврзано со наводното прислушкување и шпионирање на паме

Според некои тврдења, паметните телефони, односно нивните апликации ги прислушуваат разговорите на корисниците, со цел од содржината на нивните разговори да дознаат повеќе информации за нивните интереси, па потоа да ги искористат тие податоци за прикажување на огласи.

Во тој контекст се споменува и Facebook. Имено, некои корисници на оваа социјална мрежа тврдат, дека откако со телефон разговарале за некои производи, набргу на Facebook започнале да им се прикажуваат реклами токму од тие производи.

Од Facebook ги отфрлија тие тврдења, убедувајќи ги корисниците дека не ги прислушуваат, ниту пак ги шпионираат преку нивните паметни телефони.

Меѓутоа, научници од Универзитетот Нортист, спроведоа истражување на повеќе од 17.000 најпопуларни апликации за Android уреди, за да дознаат дали тие апликации ги прислушуваат корисниците или не.

Иако не пронајдоа докази за прислушување и шпионирање (секако, секогаш постои можност за шпионирање со користење на методи кои не успеале да ги откријат), истражувачите сепак открија некои загрижувачки методи, со кои се служат креаторите на апликации.

Како што покажува истражувањето, некои апликации снимаат прикази од екранот и ги испраќаат на трети лица.

Како еден од примерите, наведена е апликацијата GoPuff, која снимала видео записи и прикази на екранот при употреба на телефонот, па тие снимки потоа ги испраќала на аналитичката компанија AppSee.

Не е невообичаено апликациите да собираат и испраќаат податоци на аналитички компании, кои на тој начин им помагаат во подобрување на ефикасноста, но проблемот е во тоа што во правилата за користење и приватност на GoPuff, никаде не пишува за оваа пракса и начинот на снимање и споделување на податоци.

Истражувачите сметаат дека тоа е голем проблем, бидејќи покажува колку е всушност едноставно да се забележи она што луѓето го работат на своите телефони.

На тој начин, барем во теорија, апликациите би можеле да снимаат видео записи и фотографи со приватни пораки и лозинки.

Корисниците на тој начин, без никакво знаење, би можеле да ги предадат своите чувствителни и важни информации, кои можат да бидат искористени за бројни измами, напади, кражба на лични податоци и слично.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.