x

Смартфонот OnePlus Nord ќе има две предни камери

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 29 Јуни, 2020 од GSM.mk

Компанијата OnePlus го подготвува својот нов смартфон со назив Nord кој ќе биде значително поевтин од останатите смартфони кои се достапни на пазарот, а ќе има две предни камери.

Овој уред прво ќе се појави во Индија и Европа, а потоа и во Северна Америка. Најверојатно ќе биде претставен под називот OnePlus Nord, а во опција се и имињата OnePlus 8 Lite и One Plus Z. Уредот ќе биде претставен на 10 јули и тогаш ќе дознаеме повеќе детали.

Се шпекулира дека ќе има две предни камери и тоа од 32 и 8 MP. Камерите ќе бидат сместени во горниот лев агол на екранот.

Смартфонот ќе поседува Snapdragon 765G процесор и AMOLED екран со фреквенција за освежување од 90 Hz. Смартфонот ќе чини 299 долари, пишува The Verge.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.