x

Со Huawei на чело, кинеските смартфони опфаќаат една третина од европскиот пазар

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Февруари, 2019 од GSM.mk

Најновите податоци кои денеска беа објавени од страна на Canalys, велат дека кинеските телефони всушност доминираат на европскиот пазар.

Минатата година на европскиот пазар беа претставени многу нови кинески смартфони – компаниите Huawei и Oppo ги претставија нивните модели во Париз, а веднаш по нив истото го направија и Xiaomi и OnePlus, кои полека се шират и стануваат попопуларни.

Canalys тврди дека 32% или отприлика една третина од европскиот пазар ја сочинуваат кинеските производители, а Huawei е на чело на листата на индивидуални производители, откинувајќи 20% од вкупниот пазар на телефони.

Huawei беше еден од главните предмети за непријателството помеѓу Кина и САД во 2018 година, кога амбициите на оваа компанија да влезе на американскиот пазар наидоа на ѕид, односно голем отпор од локалните оператори и законодавци. Но, според аналитичарот Бен Стентон, тоа беше добро за европскиот пазар на смартфони. Кинеските производители наместо во САД, инвестираа во Европа и направија конкуренција во цената.

Глобалниот пазар на смартфони полека се смалува, следејќи го трендот на Западот, но тоа не важи за источна Европа. Најголемиот пад во бројот на продадени смартфони забележа лидерот Samsung и тоа за 10% во однос на 2017 година.

Apple исто така не може да се пофали со добри резултати, бидејќи забележа пад од 6%. Оваа компанија во 2018 година продаде 42,8 милиони модели на iPhone во Европа, додека Huawei продаде 42,5 милиони телефони. Ако овие трендови продолжат, Huawei многу веројатно ќе го осигура второто место во Европа, веднаш зад Samsung, притоа претекнувајќи го Apple.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.