x

Со кои средства не треба да го чистите мобилниот телефон?

Категорија: Совети Објавено на 23 Август, 2021 од GSM.mk

Чистењето на телефоните или таблет компјутерите со погрешни средства може да предизвика трајни оштетувања. На пример, повеќе штета отколку корист може да направите со следниве средства.

Средства за дезинфекција на раце

Со обзир на тоа дека некои дезинфициенси имаат состојки како мирис и етилен алкохол, најдобро е да ги држите подалеку од дисплејот на телефонот. 

Средство за чистење прозори

Логиката дека ако ги чистите прозорите со средство за стакло, тогаш ова би требало да го примените и на дисплејот на телефонот е погрешна, затоа што дисплеите на телефоните имаат заштитен слој кој ги одбива водата и маснотиите и го штити од гребење, а со користење на агресивни средства овој слој може да се истроши.

Хартиени марамчиња

Иако одлично впиваат течности и се наоѓаат во кујната, не се добри за екраните. Хартијата може да се изрони и да направи уште повеќе нечистотија на екранот или во некои случаи и да го изгребе екранот. Чистење го екранот користејќи микрофибер крпчиња.

Алкохол

Бидејќи новите тлефони имаат заштитен слој на екранот, алкохолот со тек на време може да го отстрани. Apple на пример ги моли корисниците да не користат алкохол при чистење на уредите.

Средство за остранување на шминка

Некои од овие средства содржат хемикалии кои може да ги оштетат дисплејот и електрониката. Наместо ова, земете микрофибер крпче, намокрете го со малку вода и така исчистете го екранот.

Компримиран воздух

Дување со интензивни количини на воздух може да предизвика штета, посебно на микрофонот.

Оцет 

Лоша идеја. Оцетот брзо ќе го симне заштитниот слој на екранот.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 5

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 45