x

SONICable: Еве како двојно побрзо да го полните вашиот телефон!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 24 Јуни, 2016 од GSM.mk

Мобилните процесори и перформансите на нашите телефони веќе се на завидувачки високо ниво и брзото работење е нешто на кое сме навикнати...освен во еден аспект - полнењето на батеријата. Кога станува збор за батеријата, сеуште нема поголем напредок...

Иако одредени производители вклучуваат функции за брзо полнење на батеријата, сепак тоа не е целосно од 0% до 100% и го нема на сите модели. Постои и други решение - SONICable, кабел за полнење на телефони кој ви ветува дека тоа ќе го правите двојно побрзо.

Идејата е прилично едноставна - кабелот поседува копче наречено Sonic Switch. Кога тоа е исклучено, добивате регуларен USB кабел, односно можете да го полните и синхронизирате вашиот телефон. Кога ќе го притиснете копчето, кабелот ја губи можноста за синхронизација, но затоа двојно побрзо го полни телефонот.

Кабелот би требало да функционира со сите Android и iOS телефони (засега нема информација за Windows Phone уредите), а IndieGoGo кампањата веќе ги собра средствата и би требало испораката да започне во март.

Цената е 27 долари плус 7 долари за испорака. Нарачајте го тука!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.