Sony го претстави дронот Airpeak во акција
Категорија: Занимливости Објавено на 15 Јануари, 2021 од GSM.mk
Компанијата Sony стана дел од пазарот за дронови и го претстави Airpeak, најмалиот дрон кој може да носи камера дизајнирана за создавање видеосодржини и професионално фотографирање.

Засега нема многу информации за дронот, но од Sony велат дека се истражува користењето на дронови за снимање пејзажи и градови.
Airpeak е прикажан како го снима Vision-S во движење. Иако Sony претходно не произведуваше дронови, а камерите на оваа компанија се меѓу најдобрите во индустријата.
Sony го најави Airpeak брендот минатата година, а производите се очекуваат на пролет.
Извор: kajgana.com
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.