x

Sony откри кога ќе излезат и колку ќе чинат очилата PSVR2

Категорија: Занимливости Објавено на 04 Ноември, 2022 од GSM.mk

Нажалост, новите VR очила нема да ги поддржуваат оригиналните PSVR игрици, но Sony најави 11 нови.

Компанијата Sony на својот блог синоќа објави дека својот следен VR уред наречен PSVR2 ќе го лансира на 22 февруари по цена од 599,99 евра. Самиот уред ќе доаѓа со Sense контролери и стерео слушалки, но купувачите ќе мора посебно да го купат држачот за полнење на контролерот, што ќе ги чини дополнителни 49,99 евра. Преднарачките за PSVR2 ќе започнат на 15-ти месецов и за многу пазари ќе бидат ограничени на онлајн продавницата на Sony PlayStation.

PSVR2 очилата со OLED екран, видно поле од 110° и поддршка за 4K HDR претставуваат значајна надоградба во однос на првиот модел, а исто така поддржуваат до 120 Hz брзина на освежување на екранот. Очилата имаат 4 камери вградени на предната страна, па корисниците нема да мораат да поставуваат екстерни камери кои ги пратат движењата.

Новите PSVR2 Sense контролери вклучуваат адаптирачки покренувачи и вибрации, слично како DualSense, а воедно можат и да детектираат допири од прсти.

„Кога ги правевме PSVR2 очилата на ум ни беше удобноста и затоа доаѓаат во малку потенок и полесен дизајн во споредба со нашите претходни очила“, вели Изабел Томатик, потпретседателка на брендот, хардвер и периферни уреди во компанијата Sony Interactive Entertainment. „Исто така додадовме интегриран вентилациски отвор за додатен проток на воздух, како и копче за подесување на леќите“.

Нажалост, иако овие очила се голем чекор напред, гејмерите нема да можат со нив да ги играат оригиналните PSVR огрици. „PSVR игриците не се компатибилни со PSVR2 бидејќи PSVR2 е дизајниран за на наредната генерација да ѝ пружи вистинско VR искуство“, објасни Хидеки Нишино.

Иако за PSVR беа достапни околу 500 игрици, Sony досега најави само неколку, а синоќа најави уште 11:

  • „The Dark Pictures: Switchback VR“
  • „Cities VR – Enhanced Edition“
  • „Crossfire: Sierra Squad“
  • „The Light Brigade“
  • „Cosmonious High“
  • „Hello Neighbor: Search and Rescue“
  • „Jurassic World Aftermath Collection“
  • „Pistol Whip VR“
  • „Zenith: The Last City“
  • „After the Fall“
  • „Tentacular“



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.