x

Sony патентираше флексибилен екран со внатрешни сензори!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Јули, 2019 од GSM.mk

Телефоните на преклопување веќе требаше да бидат пристигнати, но Galaxy Fold на Samsung и Mate X на Huawei наидоа на неколку проблеми во дизајнот, поради кој нивното претставување беше одложено..

И покрај тоа, другите компании на пазарот веќе започнаа да го следат трендот. Последната компанија која знаеме дека подготвува ваков смартфон-таблет е Sony.

Имено, компанијата развива технологија за повеќе уреди со флексибилни панели. Последниот патент на Sony покажува нов тип на дисплеј со неколку сензори во внатрешноста. 

30а, 30b и 30c се сензорите во дисплејот


30a, 30b and 30c are the sensors part of the displayНа фотографијата може да се забележат три типа на сензори - сензор за забрзување, сензор за температура и сензор за притисок. Целта на овие сензори е да собираат информации за начинот на кој може да се користи дисплејот. На пример, сензорот за притисок нема никаква врска со чувствителноста на допир на екранот, туку е позициониран во средината за да може да детектира кога екранот е отворен и кога се преклопува. 
Колку ќе се покаже корисен ваквиот тип на дисплеј останува да видиме.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.