x

Sony PlayStation 4 умира, полека но сигурно

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Мај, 2018 од GSM.mk

Животниот век на PlayStation 4 е при крај, велат од Sony. Најпопуларната гејминг конзола конечно станува застарена и повеќе не е најнапредниот уред на пазарот, но од Sony не најавуваат точно кога ќе излезе PlayStation 5.

Новиот извршен директор на Sony, Џон Кодера, рече дека „животот на конзолата PlayStation 4 доаѓа кон самиот крај“.

Ова не значи дека Sony ќе се откажат од конзолата и ќе ја остават да умре, ниту пак ќе се откажат од некои од нејзините карактеристики. Тие и понатаму ќе нудат поддршка на секој корисник и ќе продолжат да ги одржуваат серверите за PlayStation 4. Ова изјава и не значи дека PlayStation 4 повеќе нема да биде во чекор со времето, туку баш напротив, дека ќе еволуира во нешто различно, поинакво од она што беше досега.

Но, тоа не значи ни дека можеме да го очекуваме PlayStation 5 наскоро. Кодера рече дека во наредните три години Sony ќе размисли во која насока ќе оди компанијата и дури тогаш ќе го дознаеме нивниот следен чекор. Дали ова значи дека ќе добиеме PlayStation 5 во 2021? Можеби. Но исто така е можно Sony да нѐ изненади со нов производ кој нема да ја продолжи серијата на успешни конзоли наречени PlayStation.

Ова уште еднаш ја докажува амбицијата на Sony да произведуваат квалитет, а не квантитет. Тие се насочени кон правење на совршената гејминг конзола, а не кон производство на нова конзола секоја година со цел да ги „цедат“ џебовите на купувачите. Откако излезе PlayStation 4, Sony продаде 75 милиони примероци од оваа конзола, а само во последната година бројот на продадени конзоли падна од 20 милиони на 19 милиони.

Во меѓувреме, компанијата ќе продолжи да заработува пари од производство на игри за конзолата и услугите кои ги нуди према нивната проширена мрежа.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.