x

Sony продаде 7,8 милиони конзоли PlayStation 5

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 30 Април, 2021 од GSM.mk

Компанијата Sony во период од 5 месеци продаде дури 7,8 милиони конзоли PlayStation 5.

Извештаите што ги објави компанијата покажуваат дека во период меѓу јануари и март се продадени 3,3 милиони конзоли, а во тој период се продадени и милион конзоли PlayStation 4.

Пандемијата на коронавирус е одговорна за зголемување на продажбата на конзоли. PlayStation Plus има 47,6 милиони претплатници, а во изминатите 3 месеци се пријавени 109 милиони корисници на PlayStation Network.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.