x

Sony со тизери ги најави новите модели Xperia

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Април, 2021 од GSM.mk

Sony на 14 април ќе ја претстави новата линија на смартфони Xperia, а сега објавија и неколку тизери со кои го најавуваат пристигнувањето на новите смартфони.

Во првото видео се гледа дека ќе бидат претставени новите модели од серијата Mark III, но не се прикажани повеќе детали за Sony Xperia 1 III или Xperia 10 III.


Второто видео прикажува дека ќе биде претставен модел со перископска камера.


Се очекува дека ќе го претстават новиот флегшип Xperia 1 III. Според гласините, смартфонот ќе има 6,5-инчен OLED екран со 4К резолуција.

Исто така, најверојатно ќе биде претставен и новиот Xperia 10 III кој ќе има 6 GB RAM и Snapdragon 765G процесор.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.