x

Sony Xperia 4: Висок дисплеј, солиден процесор!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Март, 2019 од GSM.mk

Sony се обидува да го промени збунувачкиот начин на кој ги именува своите уреди, со поедноставни бројки и имиња. Xperia 1 е еден од првите вакви смартфони, а компанијата наскоро подготвува уште еден ваков телефон...

Помеѓу буџетскиот Sony Xperia 10 и премиум уредот Sony Xperia 1 сеуште има празнина која компанијата наскоро планира да ја пополни. Сега за сега, тој уред е познат како Xperia 4 - 5.7 инчен смартфон со Snapdragon 710 во внатрешноста.

Како што кажува самото име, тоа е значително побрз процесор од Snapdragon 636 , кој се наоѓа во Xperia 10 Plus. Станува збор за истиот процесор со кој доаѓаат попремиум уредите од средна класа, како Nokia 8.1 и Samsung Galaxy A9 Pro (2019). Всушност, станува збор за "lite" верзијата на Xperia 1, со 4 наместо 6GB RAM и дуален систем камери, наместо систем од три камери на задната страна.

Во однос на дизајнот, Xperia 4 најверојатно ќе биде и покомпактната верзија на Xperia 1, иако доаѓа со голем 5.7 инчeн дисплеј. За жал, батеријата најверојатно ќе биде само од 2,800 mAh. Неговото претставување го очекуваме во лето.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.