x

Sony Xperia Tablet Z - 10.1" quad-core супер тенок таблет

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 21 Јануари, 2013 од Бошко Лазаровски

Од Sony го најавија Xperia Tablet Z и изгледа како добро нешто

Најпрво, се работи за најтенкиот и најлесниот 10.1 инчен таблет на пазарот, кој доаѓа со дебелина од 6.9 mm, а тежи само 495 грама. Ова го прави уште потенок дури и од iPad mini.

Позачудувачки е тоа што таблетот е отпорен на вода и на прашина.



Во поглед на хардверот, Xperia Tablet Z работи на 1.5 GHz quad-core процесор ( се очекува да биде APQ8064 Snapdragon со Adreno 320 графика ) и доаѓа со Android 4.1.2 Jelly Bean. 10.1 инчниот таблет има WUXGA Reality дисплеј со резолуција од 1920 x 1200 пиксели со сооднос 16:10. Таблетот исто така има Mobile Bravia Engine 2 како што го видовме во новите Xperia паметни телефони.

Останатите карактеристики се: задна-осветлена 8.1 MP Exmor R камера, S-FORCE Front Surround 3D ( опкружувачки звук ), NFC и LTE. Се додека не се појави на прес, очекуваме таблетот да има 32 GB простор за зачувување, 2 GB RAM меморија, слот за microSD картица, Bluetooth 4.0 и 6000 mAh батерија.

Sony Xperia Tablet Z се очекува да се појави во Јапонија оваа пролет, во црна и бела варијанта. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.