x

Sony Xperia телефон со шест камери пристигнува наскоро!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јуни, 2019 од GSM.mk

LG V50 ThinQ има три камери на задната страна, додека очекуваниот Note 10 Pro ќе доаѓа со четири камери. Досега, Nokia 9 PureView го држи рекордот за највеќе камери, со пет сензори, но изгледа дека Sony планира да ја надмине оваа бројка..

Според новите информации, Sony припрема Xperia уред со шест задни камери. Сега за сега, не се познати голем број информации за нивните спецификации, но се зборува дека ќе бидат придружени и од два сензори на предната страна.

Една од овие ќе биде телефото камера, придружена од широкоаголен сензор, како и TOF леќа. Првите две камери се наменети за фотографии при ниска светлина со одличен квалитет.

За жал, производството на овој уред е сеуште во рана фаза и неговиот дизајн е непознат. Но, според новопретставениот Xperia 1 може да очекуваме висок, 21:9 дисплеј, моќен процесор, најмалку 6GB RAM и 128GB меморија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.