x

Sony Xperia XZ2 Premium е најтешкиот смартфон произведен во последните неколку години!

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Јули, 2018 од GSM.mk

Достапен од 30 јули, Xperia XZ2 Premium е најнапредниот, како и најскапиот, телефон на Sony досега. Покрај тоа, откривме уште една чудна карактеристика која го прави XZ2 Premium уникатен..

Со цена од 999 долари и моќни спецификации, XZ2 Premium е најнапредниот и најскапиот смартфон на Sony досега. Но, покрај тоа, она што го прави уникатен е и фактот што е најтешкиот смартфон кој сме го виделе во последните неколку години. 

Според Sony, американската верзија од уредот ќе тежи 232 грама. Се потрудивме да најдеме друг телефон со слична тежина, но ниеден премиум уред неможе да се спореди сo XZ2 Premium, барем не смартфон кој е релевантен во 2018 година. По Sony Xperia XZ2 Premium, вториот најтежок телефон на пазарот е Samsung Galaxy S8 Active, со тежина од 208 грама. На трето место се наоѓа iPhone 8 Plus со 202 грама. 


Како и регуларниот Sony Xperia XZ2, XZ2 Premium доаѓа со алуминиумска конструкција. На предната страна се наоѓа 5.8 инчен 4K дисплеј, батеријата е од 3540mAh и на задната страна се наоѓаат две камери. 


Доколку преминувате од друг смартфон на Xperia XZ2 Premium, дефинитивно ќе ја почуствувате неговата поголема тежина. Се разбира, доколку ви се допаѓа XZ2 Premium  и функциите кои ги нуди, необичната тежина не е проблем кој ќе ве натера да се откажете од уредот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.