x

Специјален Olympic Edition Samsung Galaxy S10 Plus доаѓа во јули!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Мај, 2019 од GSM.mk

Samsung планира да претстави нова верзија од Galaxy S10 Plus уредот, специјално за олимписките игри ова лето.

Овoј пат, игрите ќе се одржат во Токио, од 24 јули до 9 август, 2020 година. Моделот изгледа исто како Prism White верзијата, само што содржи специјално Tokyo 2020 Olympics лого на задната страна. Претпродажбата е веќе започната, а неговата цена е околу 1,042 долари.

Последните два модели за олимписките игри, Galaxy S7, Galaxy S7 edge и Galaxy Note 8 (2018 Winter Olympics), беа поделени на секој учесник на минатите игри.

Инаку, Galaxy S10 Plus доаѓа со 6.4 инчен Dynamic AMOLED дисплеј и резолуција од 1440 x 3040 пиксели. Работи на Snapdragon 855 или Exynos 9820. Новата верзија ќе има најмалку 8GB RAM и 128GB меморија. Има три камери на задната страна - 12MP главна, 12MP телефото и 16MP широкоаголна леќа. На предната страна има две камери, 10MP + 8MP.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.