x

Споредба на големините: iPhone XS, XS Max, XR vs iPhone 8, 8 Plus, Galaxy S9, Note 9, OnePlus 6

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Септември, 2018 од GSM.mk

Новите iPhone модели доаѓаат со можеби најинтересни промени кои ги имаме видено во последните неколку години од Apple, особено во однос на нивните големини. Токму поради тоа, решивме да ги споредиме со нивните претходници, како и со нивните ривали:

1. iPhone XS - најмалиот од трите

Најмалиот нов iPhone, 5.8 инчниот iPhone XS, е речиси ист во однос на големината и дизајнот како неговиот директен претходник, iPhone X. Тоа се одлични вести, бидејќи веќе одличниот тело-дисплеј сооднос на уредот значи дека доаѓа со еден од најефикасните 5.8 инчни смартфони кои може да ги купите оваа есен. Еве како изгледа во однос на другите смартфони: 

2. iPhone XR - златна средина

Втор по големина од новите уреди е 6.1 инчниот iPhone XR кој доаѓа со една камера на задната страна и LCD панел. Токму поради тоа, компанијата има ставено пониска цена на уредот, поради која е познат како буџетската верзија меѓу трите. 

3. iPhone Xs Max - најголемиот iPhone досега

Иако Xs Max е смартфонот со најголем дисплеј досега на Apple, всушност уредот не е многу поголем во однос на целосните димензии спрема претходните Plus модели на компанијата - iPhone 6 Plus, 6s Plus, 7 Plus и 8 Plus. Тоа значи дека добивате значително поголем дисплеј со речиси исти димензии, што е одлично. Еве како изгледа спрема нив:


Кој е вашиот фаворит? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.