x

Стотици компании ги читаат вашите мејлови на Gmail

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Октомври, 2018 од GSM.mk

По огромниот скандал на Facebook и Cambridge Analytica базиран околу приватноста на интернет, Google открива дека неколку стотици апликации добиле дозвола да ги скенираат и споделуваат податоците кои се наоѓаат во Gmail профилите на нивните корисници.

Google тврди дека стотици компании имаат дозвола да ги прегледуваат Gmail профилите на нивните корисници, но нагласуваат дека пред да им се даде дозвола, компаниите поминуваат низ сериозни тестови за доверба.

„Копањето“ по приемните сандачиња на корисниците и понатаму се одвива, иако Google престана да го прави тоа пред повеќе од една година. Раководството на компанијата вели дека тие немаат намера повторно да се вратат на читање и скенирање на туѓите мејлови, но сметаат дека девелоперите би можеле дека имаат голема корист од ова.

„Девелоперите можат да споделуваат податоци со трети страни сѐ додека се транспарентни со корисниците за начинот на кој ги користат тие податоци“, вели Сузан Молинари, шефот на одделот за односи со јавност во Google.

Моментот кој загрижува е тоа што блогот на Google пред неколку месеци не содржеше ништо за можното споделување на податоци со трети страни. Од компанијата тврдат дека податоците на корисниците не се на никој начин загрозени.

„Пред апликацијата да може да оствари пристап до вашите податоци поминува низ серија тестови кои ја утврдуваат нејзината безбедност, како и нивото на кое апликацијата ја почитува приватноста на корисникот. Пред да ги користите овие апликации имате можност да одберете што сакате да споделите со нив, затоа советуваме внимателно да ги читате сите наведени опции пред да одберете една од нив“, изјави Сузан Фреј, директорот за безбедност во Google.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.