x

Surface Pro 6: Нов буџетски уред на Microsoft!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Мај, 2019 од GSM.mk

Иако сеуште не знаеме кога може да очекуваме нов Surface Pro 7, знаеме точно кога ќе биде претставена нова Surface Pro 6 конфигурација..

Станува збор за истата, 12.3 инчна Windows 10 машина, која ќе остане непроменета во дизајнот, но ќе доаѓа со значителни подобрувања во внатрешноста. Станува збор за 16GB RAM, придружени од Core i7 процесор. Се разбира, со помоќните спецификации доаѓа и повисока цена. Овој модел ќе чини 1,899 долари.

Од друга страна, Core i5/16GB RAM/256GB конфигурацијата ќе биде малку поевтина и ќе чини "само" 1,399 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.