x

Surface Pro 6: Познат дизајн, големи внатрешни промени

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 05 Октомври, 2018 од GSM.mk

Токму на време, Microsoft ја најави новата Surface Pro 6 серија, која иако на прв поглед изгледа речиси исто со претходните генерации, носи значителни внатрешни промени..

Почнувајќи од можеби најважниот детал, новиот Surface Pro модел доаѓа со подобрен процесор кој нуди дури 67% подобри перформанси од минатиот, и батерија со 13.5 часа поголема издржливост. Покрај процесорот, корисниците ќе може да бираат меѓу 8 и 16GB RAM, заедно со 128GB меморија. 

Како што веќе споменавме, во однос на надворешниот изглед Surface Pro 6 изгледа речиси исто со претходните генерации. Но, Microsoft ја искористи можноста да го подобри дисплејот со 12.3 инчен PixelSense панел, кој нуди најголем контраст досега од било кој Surface Pro таблет. Друга интересна промена е подобрената камера од 8 мегапиксели со автофокус

Во однос на достапноста, Surface Pro 6 ќе започне да се продава од 16 октомври, по цена од 899 долари. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.