x

Свитливиот екран на Apple е премногу напреден за актуелната технологија

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 14 Март, 2019 од GSM.mk

Apple наводно има намера да го претстави својот прв телефон со свитлив екран во 2020 година, а се шпекулира дека компанијата има поинаков пристап кон оваа технологија, различен во однос на сите нејзини ривали.

Еден патент кој неодамна ѝ беше прикажан на јавноста прикажува неколку занимливи скици, кои ги покажуваат различните начини на кои свитливиот дисплеј би можел да се прикачи на уредот и да функционира механички.


Некои од скиците се поедноставни од другите и на нив е објаснето само поврзувањето на двата дела од смартфонот. Дел од скиците покажуваат прилично амбициозен дизајн кој актуелната технологија не може да го поддржи, кога се работи за аглите и дијаметрите на виткање.

Едно од очигледните можни решенија би бил дисплеј кој се витка од страните на смартфонот, како кај досега претставените уреди со оваа технологија.


Скиците на Apple покажуваат дека ваквиот уред не мора да биде симетричен, а компанијата размислува за конечен избор помеѓу три различни дисплеји.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.