x

Татко креираше апликација која го заклучува телефонот на децата додека не им одговорат!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Февруари, 2019 од GSM.mk

Nick Herbert, генијален татко од Лондон, креираше апликација која ќе биде од голема корист за сите родители кои имаат проблеми со своите деца и нивните смартфони..

Nick Herbert креираше апликација со која нивното дете буквално мора да им врати на порака. Откако неговиот син често го ставал својот телефон на "silent" и ги игнорирал неговите пораки, Nick смислил иновативна идеја како решение на проблемот. 

Апликацијата е наречена ReplyASAP и еве како работи:

Кога родителот ќе испрати порака на своето дете, апликација го "замрзнува" уредот и дури произведува звук како аларм, доколку телефонот е ставен на "silent". Откако детето ќе одговори на пораката, смартфонот ќе стане повторно активен. За стопирање на алармот, корисникот може да кликне на "snooze" три пати додека одговара на пораката.


Откако беше претставена во Google Play, апликацијата беше симната повеќе од 75,000 пати. Сега за сега е достапна само за Android корисниците.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.