x

TCL работи на свитлив смартфон кој може да се користи како паметен часовник

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 06 Март, 2019 од GSM.mk

Трендот на производство на телефони со екрани кои се виткаат ги привлече сите производители на пазарот на смартфони. Компанијата TCL, која се занимава со производство на телевизори, е последната која влезе се приклучи на овој пазар.

Кинескиот TCL во светот е познат како производител на ТВ-уреди по пристапна цена, но преку брендовите BlackBerry Mobile и Alcatel работи на најмалку пет уреди со свитливи екрани.

Помеѓу овие уреди се два таблети, два смартфони и еден свитлив мобилен телефон кој ќе може да се користи како паметен часовник.

Едниот од таблетите има екран кој се затвора навнатре, додека другиот таблет се витка кон надворешната страна. Исто како кај таблетите, и двата модели на смартфони имаат исти варијации на виткање на екраните, со таа промена што тие се виткаат по хоризонтална линија, исто како стандардните свитливи телефони.

Последниот смартфон е ултратенок и се витка повеќе од останатите и под различен агол. Тој би требало да носи посебна технологија, која ќе му овозможува на корисникот да го користи како телефон, но и како алка – со што ќе ја заземе функцијата на паметен часовник.

Во моментов не е објавен конкретен датум за премиера на овие телефони, но не е исклучена можноста TCL да се премисли и овие уреди никогаш да не се најдат на пазарот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.