x

Технолошки ѕвер: Samsung смести SSD од 30 TB во куќиште од 6,4 сантиметри

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 24 Февруари, 2018 од GSM.mk

Компанијата Samsung произведе SSD наречен PM1643, со капацитет од 30.72 TB. Уредот исто така има DDR4 RAM од 40 GB.

Новиот уред има девет флеш контролори што придвижуваат 32 NAND флеш пакети од по 1 TB.

Секој пакет содржи 16 слоеви V-NAND мемориски чипови од по 512 GB, со три бита по ќелија, објави Ars Technica.

Чиповите од 8 GB се поставени вертикално со Through Silicon Vias (TSVs) технологија.

Новиот SSD користи 12GB/s Serial Attached SCSI интерфејс. Samsung тврди дека може да достигне брзина на читање на податоци од 2.100 MB/s и брзина на запишување на податоци од 1,700MB/s.

Уште нема информации за цената и достапноста на овој уред, но колку за споредба, оној од 15.36 TB чинеше над 10.000 долари пред две години.

Samsung соопшти дека неделава почнале со производство и дека освен единици од 30 TB, ќе има достапни верзии и од 15,36 TB, 7,68TB, 3,84 TB, 1,92 TB, 960 GB и 800 GB.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.