x

Телефонот не ви се полни? Ова е решението!

Категорија: Совети Објавено на 21 Април, 2021 од GSM.mk

Кога телефонот не се полни, тоа е голем проблем за корисниците..Еве неколку причини за тоа, заедно со решение:

Најпрво и најлесно, проверете го кабелот со кој полните. Доколку сте повеќегодишен Apple корисник, сигурно знаете дека ова е еден од најчестите проблеми. Ако забележите видливи знаци дека е оштетен, тогаш најверојатно до него е проблемот.

За секој случај да бидете сигурни дека до ова е проблемот, најдобро е да пробате да го вклучите и во компјутер - доколку на двете места се полни, проблемот не е до кабелот. Од друга страна, доколку се полни на едното место, а на другото не, тогаш дефинитивно до него е проблемот.

Исчистете го отворот од каде полните

Многу често, проблемот со полнење може да е до местото од каде се полни уредот. За да го исчистите, најдобро е тоа да го направите со мека четка за заби. 

Рестартирајте го

Некогаш, проблемот едноставно може да се реши со ресетирање на уредот.

Фабрички ресетирајте го

Ако сте ги елеминирале сите други можности дека станува збор за софтверски проблем и сте го провериле кабелот од каде полните. Ова значи дека откако ќе го ресетирате, всушност ќе избришете се на него. 

Доколку ништо друго не успее, најдобро е да го однесете на сервис.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.