x

Telegram има 70 милиони нови корисници по падот на Facebook

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 08 Октомври, 2021 од GSM.mk

Русија соопшти дека овој инцидент покажа дека Москва беше во право кога разви сопствена интернет платформа, како и социјални мрежи.

Апликацијата Telegram во понеделник стекна повеќе од 70 милиони нови корисници благодарение на 6-часовната блокада на Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp.

Од Facebook тврдат дека падот е поради „погрешна промена на конфигурацијата“ која спречи 3,5 милијарди да пристапат до услугите на WhatsApp, Instagram и Messenger.

„Дочекавме ‘мигранти’ од други платформи, преку 70 милиони во еден ден“, напиша Дуров, основачот на Telegram, на својот канал на Telegram.

Тој додаде дека некои корисници во Северна и Јужна Америка можеби имале малку потешкотии бидејќи милиони корисници се приклучија на Telegram за кратко време.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.