x

Tesla и SpaceX ги избришаа нивните Facebook страници

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Март, 2018 од GSM.mk

Откако голем број корисници на Twitter го контактираа Елон Маск околу скандалот со Facebook и безбедноста на информациите на оваа социјална мрежа, тој реши да води со пример и ги избриша Facebook страниците на неговите компании Tesla и SpaceX.

Двете страници имаа по 2,6 милиони следачи, но сега се неактивни.

Елон Маск се обрати кон Twitter за да му биде разјаснет скандалот со Facebook, Cambridge Analytica и изборите во САД, го праша Брајан Екшн, еден од основачите на WhatsApp, што е тоа Facebook?

На многумина тоа им се виде интересно, па побараа од мултимилијардерот да ги избрише Facebook страниците на неговите компании, Tesla и SpaceX. Маск напиша дека не знаел ни дека постојат и веднаш потоа, како што вети, ги избриша.

Иако Twitter изгледа како чудно и невообичаено место за протестирање против социјалните мрежи, сепак хаштагот #deletefacebook почна да работи и во последните неколку дена многу корисници ги избришаа нивните Facebook профили.

Оваа недела беше многу лоша за Facebook. Најпрво социјалната мрежа беше нападната од многу светски познати политичари поради тоа што компанијата не се потрудила доволно да ја заштити безбедноста на податоците на нивните корисници. Потоа, сопственикот и основач на компанијата, Марк Закерберг почна да губи големи суми поради падот на акциите на Facebook, а сега и големите светски компании се свртеа против него.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.